Дамир Смајловиќ, претседател на Здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството „Крводарител“ изјави дека има доволно единици крв и засега залихите се во ред.

Има многу дарители на крв во ГОБ „8-ми Септември“ и залихите ќе бидат во ред. Благодарни сме за брзиот одзив на крводарителите, изјави Смајловиќ за „Република“.

Интерениот повик како што информираа од здружението следел откако од ГОБ „8-ми септември“, добиле дојава дека недостигаат залихи на крв во болницата. Според нивни инфомации, другите болници ги добиваат потребните количини од Институтот за трансфузиона медицина, додека 8-ми септември се води како посебна комлексна установа, која работи со свои залихи на крв. Покрај во 8-ми септември, крводарители и граѓани, донирале и во Општата градска болница , на Клиниката и одделот за трансфузиологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.