Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Крушево Никола Зисов апелира дека веќе три дена локалната власт не може да го реши проблемот со водата во Крушево.

Во 21 век во време на светска пандемија со КОВИД-19 и во туристичко место граѓаните и угостителските објекти во Крушево се оставени без вода цели 72 часа. Властите рекоа дека овој проблем ќе биде саниран од два до три дена, но очигледно како и за се останато за нив ветувањата и роковите за нив немаат апсолутно никакво значење – вели Зисов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.