Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски кој е е еден од обвинетите за настаните на 27-ми април е еден од 5-мината обвинети кои во петокот поднеле лично барање за амнестија во кривичниот суд, објави Телма повикувајќи се на судски извори.
Меѓу оние кои поднеле барање се Никола Митревски-Кољо, кој неколку месеци беше во бегство, а на крвавиот четврток носеше фантомка, Оливер Радулов, кој е вработен во УБК и ги изнесувал хард дисковите со собраниските безбедносни снимки.
Барање за амнестија поднел и Младен Додевски.
Крајниот рок да се побара амнестија е вторник. Потоа во рок од 5 дена судот и обвинителството треба да се изјаснат дали го прифаќаат барањето за амнестија или ќе продолжи постапката против барателите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.