Денес, од една културно закажана седница на крај завршивме со дури 7 седници, од кои 6 беа закажани за исто време во 15:30!, алармира пратеникот од Левица Борисислав Крмов.

Секако, целта на ваквото правење циркус од Собранието, е тотално да се умртви дебатата, и да се пробуткаат што може повеќе закони додека имаат кворум.
Како врв на денот Премиерот Заев сам на себе си направи интерпелација, и наместо 3 дена дебата завршивме само со смешно гласање и празни зборови „колку сме јаки“.
И после нека плаче власта по медиуми дека сме „деструктивни“, кога единствен начин политички да делуваме ни останува да им ги блокираме глупостите кои насила се обидуваат да ги протуркаат цело време, реагира тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.