Освен МВР, и од Кривичниот суд информираат дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, излегувал од својот дом иако издржува мерка куќен притвор. Од Кривичниот суд за „Фокус“ појаснуваат дека осомичениот доставил лекарска документација, по што му е дозволено да оди на лекарски прегледи.

Основниот кривичен суд Скопје, по добиено барање и доставена медицинска документација за закажани лекарски прегледи и специјалистички упат за лекарска интервенција, а согласно одредбите од ЗКП и Правилникот за куќен ред за извршување на мерките притвор, има издадено дозвола со конкретно определени денови и конкретно определен временски рок во текот на денот, кога на осомничениот Д.Р. му се дозволува извршување на прегледите и интервенцијата. Дозволата е издадена со предупредување дека при евентулани злоупотреби, односно доколку по извршување на прегледите и интервенцијата во Здравствената установа и клиниката која ја издала документацијата, осомничениот не се врати во својот дом, ќе му се определи мерка притвор, одговараат од Судот.

Вчера беа направени фотографии од Рашковски, на кои се гледа како без полициска придружба оди по улица во населбата Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.