Во ВМРО ДПМНЕ има поплава од документи и материјали кои ги носат загрижени граѓани кои ги докажуваат коруптивните активности на власта. Најголем дел од материјалите се доставени до обвинителството, но оттаму не реагираат- обелодени потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.

Според него дури и за Рекет се реагираше откако снимката беше објавена.

Пирамидата во Рекет не завршува со Катица Јанева. Ја сум убеден дека пирамидата не Рекет завршува до самиот државен врв. Имаме информација дека се изрекетирани 20 милиони евра. Тие не можат да завршат во рацете на Боки 13,  ако не стои една цела власта зад него. Тоа во едно ослободено судство ќе се разреши – тврди Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.