ВМРО-ДПМНЕ го следи скандалот за централата ТЕ-ТО, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско праашање.

За случајот во кој постојат сериозни индиции за вмешаност на луѓе од Владата, како премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, Николоски смета дека индикативен е судирот на интереси со потпретседателот на владата, кој што тргувал со електрична енергија заедно со оваа компанија.

А најиндикативно е што на вака изнесени факти и аргументи во јавноста, сеуште нема никаква реакција ниту од Министерството за внатрешни работи нити од Јавното обвинителство. Ги повикуваваме да постапат соодветно на законските надлежности кои што ги имаат, затоа што за две до три недели ќе има промени во Министерството за внатрешни работи и ќе може да се види што се прикривало, а што се работело како што треба да се работи. Ниеден криминал не останал скриен, нема да остане ни овој криминал скриен и треба во корист на граѓаните да постапат институциите со цел да се разреши, рече Николоски

Зборувајќи за законите поврзани со правосудството, Николоски пред новинарите рече дека најголем проблем на Република Македонија, во овој момент, е нефункционалното судство и обвинителство.

Во последните неколку дена во Собрание се пристигнати преку 180 закони по скратена постапка. 180 закони кои се стигнати во собранието. Кој има време да ги прочита, кој има време да ги издебатира. Ако во минатото СДСМ беше критичар на одредени лоши практики на брзо носење на закони, со кои што јас тогаш се согласував и учествував во измените на деловникот, со цел тоа да се спречи, сега гледаме дека наоѓаат начин да го изиграат деловникот и да, практично, овогодишни божикни и новогодишни празници, се обидат да истуркаат 180 закони, кои што се во корист на СДСМ, но не во корист на граѓаните. И кои што никој не може соодветно да ги прочита, а камо ли експертски да ги издебатира, а има и многу сериозни законски решенија таму. Наша можност, единствено што можеме да направиме како опозиција, е да се обидеме да тој процес го блокираме за да ни се остави доволно временски период да можеме да ги проучиме законските решенија. Тоа може да се направи низ човечки разговор и да се истите повлечат и да се издебатира за истите, затоа што има консензус може да оди пред избори, не е проблем. За сето останато да се продискутира откако ќе се види волјата на граѓаните. Но затоа што СДСМ нема таква волја, нас ни останува овој демократски механизам, кој што го дава секоја демократија. А тоа е, “фили бастеринг“, односно блокирање на работата на Собранието, рече Николоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.