Огнените јазици кои беснеат во Пехчевско се на праг да го проголтаат селото Умлена. Селаните од ова пехчевско село молат за помош и споделуваат снимки од ужасот.

Цела ноќ гори пожар на потегот помеѓу македонските градови Делчево и Пехчево.

И општина Берово упатува апел за масовно вклучување на населението во гаснење на пожарот.

Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево  е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села .

Пожарот е  високо на шумските предели на селата, но се шири на голема површина.На терен се ТППЕ од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС.

Се апелира до месното население, кон масовно вклучување во гаснењето на пожарот, како би се намалиле последиците и штетите би биле помали.

Ви благодариме доколку доброволно се вклучите во гаснење на пожарот, повика општина Берово.

Пожарот кај Пехчево е активен и сериозен, а огнената стихија се шири кон Берово, алармираше и беровскиот гадоначалник Звонко Пекевски, кој побара од населението да се вклучи масовно во гаснењето.

Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села. Пожарот е високо на шумските предели на селата, но се шири на голема површина. На терен се ТППЕ од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС. Се апелира до месното население, кон масовно вклучување во гаснењето на пожарот, како би се намалиле последиците и штетите би биле помали. Ви благодариме доколку доброволно се вклучите во гаснење на пожарот, повика Пекевски на социјалните мрежи.

 

МОМЕНТАЛНО СЕ СЛУЧУВА ОВА ВО БЛИЗИНА НА ПЕХЧЕВО

НЕ МОЖЕМЕ САМИ ,

НИ ТРЕБА ПОМОШ ПЕХЧЕВЦИИИИ…. , објави на социјалните мрежи жител на Пехчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.