Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде што ја повика Владата и здравствените  власти да се обезбедата кревети кислород и паравани.

„Често пати мене ми велат добро еве критикувате, вие што ќе понудите и наједноставен одговор на тоа прашање е кревети нема луѓе, кревети нема, кислород нема, погледнете во болницата во Битола што се случува. Нема одговорност, паравани нема помеѓу луѓето што го загубиле животот и овие што примаат инфузија, елементарна работа и никој не сноси одговорност“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски во емисијата истакна дека можат да имат брилијантни идеи но треба некој да ги слушне.

„Како сакате да одиме ние напред кога луѓето не се корегираат на своите грешки, ние можеме да понудиме брилијантно решение но ако има кој да го слушне тоа решение. Нема кој да не слушне, тогаш попусто ние тоа решение го нудиме, еве наједноставна работа нека земат нека купат кревети и кислород, погледнете што се случуваше во штипската болница погледнете што се случува во прилепската болница, во Скопје да не зборуваме,имаме целосен дебакл, класичен дебакл и никој не сноси одговорност, 2.000 пациенти кои што требаше да ги имаме заразени ние сега се наближуваме толку луѓе кои што го загубија својот живот и никој не сноси одговорност  повторно ќе кажам“, истакна Мицкоски.

Во однос на формирање на КОВИД комисијата Мицкоски додаде:

„Можат луѓе кои што се стручни за таа работа, овие истите кои излегуваат на телевизија секој ден Пановски, Данаиловски нека ги викнат луѓето нека ја направат таа ковид комисија“, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.