Во силното невреме, кое синоќа го зафати преспанскиот регион, оштетени се покриви, автомобил, од паднати дрвја во авто кампот „Крани“ оштетени се камп приколки, паднати дрвја ги препречиле некои од локалните патни правци, а има и штети на овоштарници и други култури. Оштетена е и елелктричната мрежа (паднати бандери, скинати ел.водови), велат од Центарот за управување со кризи.

(фото: Фејсбук)

Веднаш на терен излегоа екипи на МВР, ТППЕ Ресен и Македонија Пат кои работеа на расчистување и оспособување на патните правци за сообраќај (расчистени се и оспособени сите патни правци и пристапни патишта кон селата). Екипи на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектиите и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија на овој реон. Нема пријавено повредени лица.

(фото: Фејсбук)

Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе ги посетат автокампот „Крани„, село Наколец и околните села од Преспанскиот регион што беа погодени од синоќешното невреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.