Кралот на Шпанија Фелипе Шести го потпиша ратификациониот инструмент. Во следните 72 часа ќе биде депониран во Стејт Департментот во Вашингтон, објави на официјалниот твитер профил Мисијата на Шпанија во НАТО.

 

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва во гостувањето во емисијата Топ Тема на ТВ Телма, рече дека прилично емоционално го доживел, тоа што првпат видел празен Парламент кој работи и тоа со само една точка на дневен ред.

На 75 години од Холокаустот во Ерусалим се видов со шпанскиот крал. Како што вети, така направи. Шпанскиот крал го потпиша указот, изјави Пендаровски.

Протоколот, појасни Пендаровски, се депонира во Стејт департментот, каде се чуваат сите пристапни протоколи.

И ние нашиот, кој предвреме го ратификувавме ќе го пратиме во Стејт департментот, откако последната држава членка на Алијансата, Шпанија ќе го достави. Во тој момент откако ќе го депонираме ние стануваме формално земја членка на НАТО, изајви Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.