Тројца пациенти починаа, а регистрирани се нови 160 заразени со Ковид-19 во последните 24 часа. Направени се 2.172 тестирања, а најмногу од заболените се од Скопје – 38, Куманово -19, Тетово – 20, Гостивар – 13, Штип – 10, Струга – 9, Кичево – 9, Свети Николе -5. По четворица новозаразени се регистрирани во Кавадарци, Прилеп, Охрид, Кочани. Тројца во Велес и Демир Хисар, по двајца во Струмица, Македонски Брод, Пехчево, Берово, Виница, и по еден новозаразен регистрирани се во Дебар, Битола Пробиштип, Валандово, Делчево и Неготино.

Починати се тројца пациенти: двајца од Скопје (60 г. и 72г.) и една пациентка од Гостивар (53 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од: Скопје-117, Куманово-34, Дебар-60, Штип-18, Прилеп-5, Тетово-32, Кавадарци-5, Гостивар-42, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-16, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-3, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.515, бројката на оздравени пациенти е 9.030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5.325, активни 986
• Куманово 1.233, активни 243
• Дебар 224, активни 65
• Штип 1.027, активни 293
• Прилеп 352, активни 32
• Тетово 1.123, активни 156
• Струга 503, активни 169
• Велес 241, активни 28
• Битола 179, активни 78
• Охрид 305, активни 78
• Кавадарци 147, активни 106
• Гостивар 623, активни 264
• Гевгелија 27, активни 9 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
• Струмица 49, активни 20
• Крива Паланка 28, активни 5
• Радовиш 36, активни 8
• Крушево 16, активни 2
• Кочани 128, активни 34
• Пробиштип 67, активни 18
• Демир Хисар 53, активни 34
• Македонски Брод 63, активни 48
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 12, активни 7
• Валандово 8, активни 2
• Виница 44, активни 39
• Делчево 7, активни 2 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 3
• Свети Николе 258, активни 67
• Кичево 234, активни 133
• Ресен 146, активни 9
• Неготино 34, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.172 теста се преку: ИЈЗ-851, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-174, Биотек-356, МАНУ -94, Клиника „Жан Митрев“-267, Систина со PCR метода -264, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-102, Инфективна клиника-8, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 123.122 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои на кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот, и тројца пациенти суспектни.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 72 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 138
• Аеродром – 125
• Бутел – 66
• Гази Баба – 112
• Центар – 86
• Карпош – 103
• Сарај – 35
• Кисела Вода – 81
• Ѓорче Петров – 69
• Студеничани – 32
• Шуто Оризари – 67
• Арачиново – 18
• Илинден – 17
• Петровец – 5
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 12
• Зелениково- 6
• Странец – 3
• Нераспределен – 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.