ВМРО-ДПМНЕ со денови го обвинуваат премиерот Димитар Ковачевски дека во 2001 година избегнал да служи војска, нарекувајќи го премиер – дезертер. Тој неделава објави дека ВМРО-ДПМНЕ се служи со лаги и клевети, но посочи и дека опозицијата злоупотребува здравствен предизвик и хируршка интервенција пред 20 години

Нејасно е како на Ковачевски сè уште не му е покрената постапка за утврдување на деловната способност од страна на Судот во вонпарнична постапка според членовите 34, 35, 36 и 37, како и поведување на постапка за издавање, односно одземање на безбедносниот сертификат за пристап до државни тајни којшто според член 38 од ЗКИ и член 4 точка 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации, не може да се издаде на лица кои НЕМААТ деловна способност и имаат здравствени проблеми“, рече на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.