„Јас цело време ги критикувам политиките и тоа добронамерно ги критикувам политиките и кршењето на законите од страна на раководството, и на министерството за одбрана, меѓутоа и на Владата и на претседателот, а тоа се јавни личности кои што се изберени на непосредни избори и тие се подложни на критика. Сите ние како граѓани имаме право и должност да критикуваме за да можеме нели преку критика да дојдеме до подобро утре за нашите граѓани, за институциите кои што се раководат“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки додаде дека тој уште минатата година околу март, април потенцирал дека министерот за одбрана имаше објава на социјалните мрежи  со класифицирана мапа, а таа објава се уште стои. Со таа објава министерот за одбрана има прекршено закон, а институциите молчат наместо да казнат.

„Таа објава со таа класифицирана мапа за личен интерес пропаганден, министерката за одбрана таа информација ја споделува во јавноста. Имате во месец јули каде што излегоа класифицирани снимки од безбедносни камери од структурата на воената служба за безбедност и разузнавање која што е директно под министерот за одбрана. Се сеќавате пред предизборието кога се појавија тие снимки на еден порталите и се уште стојат на YouTube тие снимки и се уште не се тргнати. И за тоа исто така не е поведена постапка, барем јас не знам. За тоа ако имало поведена постапка, таа ќе требало да заврши со одредена санкција, или одредена казна. Меѓутоа внимавајте казните се затворски за таа работа, така да можеме да видиме дека такво нешто се уште нема“, рече Ковачки.

Ковачки во гостување за радио „Лидер“ се осврна на казните кои што му ги изрекува Комисијата со членови кои имаат помал чин од него и очигледно е дека се води хајка против него. А, таква Комисија со такви членови се прекршува закон и за тоа треба да има санкција, но во држава со ваков министер се е можно веќе.

„Веста која што најмногу имала прегледи, еве веста која што излезе во тој период сакам само да ве навратам неколку моменти наназад, знаете таа недела беше многу важна, се сеќавате дека тој период имавме скандали од типот на фантом фирмата, па 12 милиони, па 6 милиони евра се споменуваа таму подготвувани за провизија, кои што ете така остана нерасветлен случај, не се отвори постапка за тоа иако според мене има доста сериозни индиции за криминал. Понатаму се сеќавате на софтверот кој што е се уште актуелен во МВР кој што не сакала да го купи, ама им го купиле па не им го дале, па не бил ставен во функција, но меѓутоа според премиерот би можел да биде ставен во иднина во функција итн. Значи има сериозни индиции за криминал во највисоките кругови во власта кои што беа бајпасирани односно со еден дефокус на една таква вест од страна на министерот за одбрана која што изнесе интерна работа која што треба да се решава во рамките на министерството, а не во јавноста за што јас долго време предупредувам, меѓутоа очигледно е дека политичкиот интерес и личниот интерес сепак предничат пред државниот. Сепак кога зборувам државен интерес мислам на расчистување на овие случаи, знаете кои што не се поведени од страна на институциите и во тој аспект би сакал да додадам дека еве на конкретното прашање зошто сум казнет за емисија во која што сум гостувал на 26.05.2020 во период кога мојот работен однос со министерството за одбрана е раскинат, значи јас тогаш не сум припадник на министерството за одбрана во тоа време сум кандидат за пратеник“, појасни Ковачев.

Ковачев додаде дека според Изборниот законик и Законот тој период кога бил кандидат за пратеник бил невработен и немал пензиско и здравствено осигурување, прават и обврските во мирување нема добиено плата неколку месеци иако според закон требало само за 20-тина дена. Ковачки посочи дека стилот на власта и на самата министерка за одбрана е напаѓачки, не само што „ad hominem“ напаѓаат туку и директно одат на таа карта да останете без работа.

„Можно е да останам и без работа, меѓутоа законите треба да важат за сите, и ние ќе се бориме, правната битка секако дека ќе ја добиеме“, рече Ковачки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.