Прочка нема да има, да си знаете, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Тој праша зошто европските политичари доаѓаат и си прават експерименти со македонскиот народ и немаат ли проблеми во своите држави.

„Среќа е што СДСМ не е Македонија, а Македонија има синови и ќерки“, рече тој.

Повтори дека во неговата партија нема веќе предавници и промена на Устав нема да има.

„Со што покажаа Бујар и Ковачевски дека треба да им се верува? Ако има, кажете и јас ќе се повлечам“, вели Ковачки.

Додаде дека оваа власт го сведе македонскиот јазик на бугарски дијалект. Тој кажа дека е пратеник на сите граѓани, но тие што го поддржуваат францускиот предлог не заслужуваат да се нарекуваат Македонци. Вели дека почеток на преговори нема да има.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.