Врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарнична постапка, бараме од судот да поведе постапка за одземање на деловна способност на дезертерот Димитар Ковачевски, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Постојат основани сомненија дека дезертерот Ковачевски има нарушена деловна способност, и со оглед на тоа дека се работи за премиер на држава, го повикуваме судот веднаш да реагира, а врз основа на чл.40 од Законот за вонпарнична постапка, кој утврдува дека постапката за одземање на деловна способност е итна. Дијагнозата која дезертерот Ковачевски ја приложил пред АРМ дека е трајно неспособен, со цел да избегне служење воен рок, не носи во сомнеж дека ако тој не лажел за својата состојба, тогаш истата може само да прогресира, вели Ковачки.

Тој додава дека бидејќи дезертерот Ковачевски сега е премиер, мора да се утврди дали неговата деловна способност е нарушена или не. Доколку е, тој треба веднаш да си поднесе оставка, доколку не е, да се утврди дали кај него постои трајно неспособност или тој лажел пред АРМ да не служи војска, и во тој случај, треба да си поднесе оставка. Бидејќи ако лажел, тој фалсификувал лекарски документ, за да избегне да и служи на државата.

Одговорност мора да има. Судот да реагира веднаш и да отвори постапка за одземање на деловната способност на дезертерот Ковачевски, истакна Ковачки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.