„Имаше изјава дека и нудел пари на некоја пратеничка, која после тоа го одбила… Заев после тоа го демантираше, неговите изјави не може да ги земете сериозно, дали и кога ја кажува вистината…“, посочи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој додава дека „факт е дека нашата демократија, односно „недемократија“ функционира на овој начин“.

„Верувам дека дури и да посакаат СДСМ да го направат тоа мнозинство, можат тие да купат уште пратеник, два или три, неспорно е тоа… Значи знаеме на кој начин владее Зоран Заев“, истакна Ковачки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.