Сите граѓани пред Устав и закон се исти. Ако некому тоа не му е јасно, тогаш тој живее во друг систем што не се нарекува демократија. Но, мене тоа воопшто не ме изненадува бидејќи таквите обвинувања доаѓаат од лица кои се граделе во стариот систем во таканареченото едноумие и комунизам. Сегашниот министер за одбрана треба да се занимава со работи поврзани за одбраната, а не во работно време да се занимава со партиски работи. А доколку веќе не може да излезе од партиската матрица, тогаш нека се занимава со нејзината матична партија, а не со мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, реагира Драган Ковачки.

„Шекеринска-Јанковска мора да каже зошто таа како министер за одбрана и функционер во Владата наместо да се консултира со правни експерти, вечераше и како што самата вели договараше закон за јавно обвинителство со двајцата осудени за милионски рекет, Боки 13 и  Катица Јанева. Дали наместо правна сигурност договарала законски пропусти и дупки?

Дали во Македонија мафијашите се на слобода, а патриотите се во затвор затоа што законите се договараат со рекетарите и криминалците?

Јас, како Драган Ковачки, никогаш не сум го довел и нема да го доведам во судир професионалното и работењето во партијата. Тоа најдобро го знаат моите подредени и може слободно да се обратите да ги прашате дали такво нешто имало во минатото.

Како граѓанин на оваа држава кој плаќа даноци, односно го плаќа министерот за одбрана, сакам да ја прашам дали е застапник на дискриминација и дали отворено сака да го скрши начелото на еднаквост на граѓаните загарантирано со Устав.

Македонија каква што ние ја посакуваме е земја со демократски принципи и цврсто владеење на правото во која ќе се применуваат принципите и начелата на цивилизираните народи.

Македонија силна и развиена. Македонија во која идните генерации ќе сакаат да живеат а не да бегаат од неа. За тоа се бориме и затоа ќе ве победиме“, порача Ковачки!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.