Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку социјалните мрежи и се обрати на министерката за одбрана Славјанка Петровска и ја повика да одговори зошто ако го продала имотот во 2009 година тогаш во 2019 година има неплатена сметка за струја на име на нејзиниот татко во износ од 10.000 евра.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска секој ден се дозаглавува се’ повеќе.
Демек, нејзино било земјиштето, ама го продала во 2009 и тоа без хациенда.
Ок.
Еве ако немало хациенда на тоа земјиште, тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра на име на нејзиниот татко, патем речено и таа лично се водела на таа адреса по лична карта?
Зарем на земјиште (нива) без изграден објект – хациенда некој туку така ќе направи толкава сметка за струја и кој е тој што тоа ќе му го дозволи?
Логично е дека за да направите сметка од 10.000 евра, треба или да копате биткоини или да полните базен.
*Инаку, за 2 неплатени сметки за струја се исклучува струјата, ама очигледно тоа не важи за поединците како госпоѓата министерка.
Еве ја сметката, јавен интерес е, нека види јавноста па нека демантира почитуваната, вели Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.