Претседателот на Владата Димитар Ковачевски синоќа се сретна со истакнати личности од Македонија, кои работат и живеат во САД.

На приемот кој се одржа во Македонскиот културен центар во Њујорк, присутни беа лица кои работат во Организацијата на Обединети Нации, како и наши истакнати професори уметници и претставници од бизнис заедницата.

Премиерот Ковачевски во поздравното обраќање истакна дека е огромна честа и задоволството да се биде заедно со наши луѓе во Њујорк.

После подолго време затвореност на светот сега имаме повторно можност да се дружиме и поразговараме за повеќе актуелни теми.

Драго ми е што на едно место сме присутни различни луѓе од различни културни средини, сите со различни искуства и животни приказни. Тоа е она што е специфично за нас и дома и низ светот, различностите секогаш биле нашата јака страна и нешто што треба да го негуваме и развиваме.

Бидете горди на вашето потекло, Македонија е земја која има многу да понуди. Заедно со САД каде што вие работите и живеете и ЕУ, кои се наши стратешки партнери, стоиме обединети на вистинската страна, рече Ковачевски.

Овој настан беше организиран во рамките на посетата на премиерот Ковачевски на САД и неговото учество на 77-то Генерално Собрание на ООН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.