Топло добредојде денеска ми посакаа гостиварци за време на мојата работна посета на нивниот град. Драго ми е што запознав многу пријатни и позитивни луѓе, напиша на фејсбук премиерот Ковачевски.

На почетокот од работната посета остварив и кратка средба со градоначалникот Арбен Таравари. На средбата разговаравме за важноста на поддршката која што Владата ја дава за стабилизирање на општините за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните.

Не е важно местото на живеење, владата гради објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско воедначување на општините. Нашата цел е на граѓаните да им обезбедиме квалитетни услуги и пристап до истите без разлика каде живеат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.