Владата ќе ги покрие долговите за неплатена струја на државни институции на ЕВН, информира премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

Тоа се буџетски организации и заради зголемената цена на електрична енергија, Владата направи прераспределба на финансиски средства кои се одобрени и ќе ги достави до Собранието со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и ЖРСМ транспорт и други.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.