Оваа влада има легитимитет и таа ќе работи до 2024 година, кога ќе има избори, до тогаш ќе работиме транспарентно и работливо, уште од првиот ден, уште од утре. Веќе утре ќе расправаме за енергетската криза. Задутре ќе разговарам со бугарскиот премиер Кирил Петков, врз основа на почитување на македонскиот идентитет и посебност. Веднаш потоа ќе расправаме за пензиите и за стандардот на граѓаните. Имам јасен план за реализација на програмата со реални рокови“, изјави на крајот од расправата мандатарот Димитар Ковачевски, порачувајќи дека доаѓа ново време.

„Искрено се надевам дека опозицијата ќе биде конструктивна и дека ќе работи заедно со нас секогаш кога тоа е во интерес на граѓаните. Повикувам да престанат политичките и етничките поделби и заедно да ги решаваме клучните приоритети. Повеќе од кога било е потребно да се работи“, рече Ковачевски.

Ковачевски на крајот од расправата за избор на новата влада и се заблагодари на пратениците за поддршката, но и за критиките и рече дека верува оти опозицијата  ќе биде конструктивна во интерес на граѓаните.

-Легитимитетот на владата е неспорен и оддржлив во следните 2,5 години. Избори ќе има но во 2024 година, Ќе работиме посветено за добробит на граѓаните. Со работа започнуваме веднаш. Утре на седница на влада ќе донесеме решенија за енергетската криза. Во вторник ќе бидам домаќин на бугарскиот премиер Петков со кого сакаме да воспсотавиме соработка за зачувување на македонскиот идентитет и посебност. Секој министер во својот ресор има јасен план за својата програма со рокови. Најавив и нудам партиципативност. Нашите граѓани се обединети во барањата за подобар живот и да престанат политичките етничките и сите други поделби и заедно да работиме на сите битни прашања. Сега повеќе од било кога треба да соработуваме во интерес на граѓаните. На граѓаните им поскувам мир, здравје и спокојство во семејствата и верувам дека доаѓа ново време, доаѓа подобро време, да живеат граѓаните, да живее Македонија“.

По говорот на Ковачевски, половина час пред истекот на рокот, односно пред полноќ Собранието ја изгласа владата со која ќе раководи новиот лидер на СДСМ.

Овој владин кабинет предводен од СДСМ ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што и припадна на Алтернатива.
Ковачевски ќе има четворица заменици, Артан Груби (ДУИ) – прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска (СДСМ) – вицепремиер за борба против коруција и криминал, Бојан Маричиќ (СДСМ) – вицепремиер за европски прашања и Фатмир Битиќи (СДСМ) – вицепремиерот за економски прашања.

За членови на Владата се избрани: Оливер Спасовски (СДСМ) – министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска (СДСМ) – министерка за одбрана, Никола Тупанчевски (предложен од СДСМ) – министер за правда, Благој Бочварски (СДСМ) – министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски (СДСМ) – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Јована Тренчевска (СДСМ) – министерка за труд и социјална политика и Бисера Костадиновска Стојчевска (СДСМ) – министерка за култура, Горан Милевски (ЛДП) – министер за локална самоуправа,  Беким Сали од Алтернатива – министер за здравство, Јетон Шаќири (ДУИ) – министер за образование и наука,  Бујар Османи (ДУИ) – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими (ДУИ) – министер за финансии, Крешник Бектеши (ДУИ) – министер за економија, Насер Нуредини (ДУИ) – министер за животна средина, Адмирим Алити од Алтернатива, министер за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи од Алтернатива – министер без ресор задолжен за дијаспората.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.