Утрово премиерот на Македoнија Димитар Ковачевски телефонски разговарал со лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Се договоривме во наредниот период да организираме средба. Таа средба можеше да се случи и порано, меѓутоа поради презафатената агенда навистина во Владата како и поради тоа што двајцата секретари на СДСМ беа во изолација заради инфекција со вирусот, денеска почнавме со организација на таа средба и ќе се случи многу наскоро, бидејќи природно и нормално е двете најголеми партии да комуницираат меѓу себе, рече Ковачевски во интервју за МРТВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.