Премиерот Димитар Ковачевски ја оцени одлуката на СПЦ да ја признае МПЦ-ОА за автокефална црква како историски чин и уште една силна алка за зацврстување на пријателството меѓу Македонија и Србија, е нашата заедничка констатација со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Ковачевски појасни дека имал телефонски разговор со Вучиќ.

Во телефонскиот разговор ја споделивме заедничката радост од оваа одлука со која се надоградува традиционалното добрососедство и на која гледаме како на гест на уште една подадена рака за заеднички просперитет на нашите две земји, како и на чин кој покажува какви треба да бидат односите меѓу пријателите во регионот, стои во објавата на премиерот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.