Билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка со Брисел. И најважно од сѐ, со европскиот предлог се дефинира одржување на првата меѓувладина седница во Брисел. Јас, Владата и претседателот на државата кажавме „да“ на ваквиот предлог, порача премиерот Димитар Ковачевски од собраниската седница.

Ова е историска седница за Македонија, оти денеска одлучуваме за неколку фундаменти за нашата држава, за подобра иднина, за стабилна сегашност, рече премиерот Димитар Ковачевски на своето денешно обраќање во Парламетнот, по што следуваа силни свирежи од страна на пратениците од опозицијата.

Причината зошто дебатираме е за дефинирање на почетокот на преговори со ЕУ. Првиот предлог е го прифативме и јас гласно во Брисел кажав „не“ на првиот сет на идеи. Тој сет не беше во склоп со нашите црвени линии. Тој сет идеи не го гарантираше статусот на македонскиот јазик и не дефинираше на јасен почеток на преговори со ЕУ. Кратко и јасно, кажав „не“ затоа што тоа не беше добро за Македонија. Успеавме да добиеме нов предлог кој на вистински начин ги отсликува нашите црвени линии. Македонскиот јазик е признаен во ЕУ. На македонски јазик ќе се зборува секаде низ Европа. Билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка со Брисел. И најважно од сѐ, со европскиот предлог се дефинира одржување на првата меѓувладина седница во Брисел. Јас, Владата и претседателот на државата кажавме „да“ на ваквиот предлог – рече Ковачевски.

Почитувани пратеници, додаде тој, овој предлог е најдобриот за нас.

Дали можеше да биде подобар? Секако дека можеше да биде подобар. Ама можеше да биде и полош. Но јас не сакам да зборувам за лоши работи. Најдобрата одбрана за индентитетот е одењето напред. Нема да дозволиме да се изолираме и да се затвориме, а граѓаните да бараат туѓи пасоши и работа во странство. Државата се гради секој ден. Јас сум Македонец од раѓање и ниту една хартија не може да ми го одземе мојот идентитет и историја. Овој процес не завршува денеска или утре. Ова е процес на сите партии. Со чиста совест, прифатете го предлогот и да одиме напред кон подобра иднина. Ова го правам не затоа што морам, туку затоа што верувам дека е исправна одлука – рече Ковачевски.

По завршувањето на неговиот говор, атмосферата во Собранието се вжешти. Пратениците од опозицијата почнаа да скандираат „предавник, предавник“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.