Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и потпретседателката на партија Сафије Садики-Шаини денеска имаа средба со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Како што објави Гаши на својот фејсбук-профил, на средбата е разговарано за владиниот план за држава со европска и прогресивна ориентација.

Честитајќи му за новата задача на новоизбраниот претседател на Социјалдемократите, Ковачевски, меѓу другото, разговаравме и за иднината на државата и владиниот план за држава со европска и прогресивна ориентација, напиша Гаши.

Алтернатива како дел од новата влада, посочува тој, ќе се заложи за унапредување на државата кон европското семејство и градење на прогресивна држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.