Во објава со наслов „ДОПРЕН“ КОРУМПИРАН ПРЕМИЕР новинарот Зоран Божиновски јавно пријавува дека премиерот Ковачевски е корумпиран за случајот „Маѓар Телеком“:

Во однос на заложбите на Владата, јас апсолутно ги поттикнувам сите коишто се соочиле со одредени криминални, коруптивни пракси, веднаш да ги пријават кај сите надлежни институции коишто се задолжени за тоа и да одлучуваат судските и обвинителските органи нормално во согласност со закон во рамки на своите надлежности, изјави претседателот на Владата.

По ова Божиновски јавно го обвинува за корупција објавувајќи досега малку познати детали за Ковачевски додека работел во Телеком.

Еве јас си го слушам ПРЕМИЕРОТ, па јавно пријавувам дека е КОРУМПИРАН, а нудам доказ во прилог на оваа објава. Нудам маил порака од 6 јули 2006 година, предпладне. АНДРАШ БАЛОГ, во Њујорк осуден бивш директор во „Маѓар Телеком“ му пишува маил порака на АТИЛА СЕНДРЕИ, бивш директор во истата компанија, инаку баран со меѓународна потерница од Македонија. Во маилот БАЛОГ пишува вака:

Атила,

препорака од Германски Телеком.

Славко Пројкоски и Димитар Ковачевски мораме да ги наградиме бидејки сите трансакции идеа преку нив. Прашајте ги дали сакаат сметки во Дојче Банк. Мислам дека таму е посигурно отколку во Македонија.
Препорака од Германски Телеком.

Мораме да ги задоволиме владините барања за менаџерски работни позиции. Да се изврши подготовка за набавка на нова опрема за надзор на комуникации.
Набавките мора да одат преку ЕКСИКО.
Одговорни лица ке бидат Димитар Ковачевски и Славко Пројкоски. За оваа работа да се известат Жарко Луковски, Небојша Станковиќ и Мр Мирослав Хавлик.

Поздрав, АНДРАШ БАЛОГ
………………………………………………

Според Божиновски во електронската порака БАЛОГ и СЕНДРЕИ комуницираат по подмитувањето на македонските владини и опозициони функционери.

После купувањето од нив (ДУИ, ДПМНЕ и СДС од Нашата земја) на МОНОПОЛСКА ПОЗИЦИЈА на територија на МАКЕДОНИЈА, преку гласање во Собрание на Закон каков нарачале. Главни лица преку кои биле исплаќани парите за подмитување биле актуелниот премиер ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ и СЛАВКО ПРОЈКОСКИ актуелен директор во МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ.

Наша актуелна несреќа е да имаме премиер КОРУМПИРАН ДО СРЖ! Читаме дека за извршување на сите трансакции, заедно со Пројкоски биле исплатени преку новоотворени сметки во ДОЈЧЕ БАНК, оти така било посигурно отколку преку македонските банки. ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ корумпира, па во ДОЈЧЕ БАНК ги исплаќа корумпираните!

Понатаму читаме за дадена задача, а по препорака на ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, преку фирма на Жарко Луковски, ,,ЕКСИКО,, да се набави нова опрема за надзор на комуникации т.е. опрема за прислушување на граѓаните. Нели после ова имавме афера ,,БОМБИ,, и 20.000 прислушувани граѓани…

Вчера новоименуваната амбасадорка на САД во Македонија, г. АГЕЛЕР се сретна со премиерот Ковачевски и разговарале за ,,БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА!,,. Ни помалку ни повеќе.

Добивам прашања во инбокс на ФБ од типот: зошто не и пишеш на американската амбасадорка и зошто не бараш да те прими!?

Искрено, не знам зошто НЕ и пишувам и зошто НЕ барам да ме прими! Можеби треба неа да ја прашате. Јас чекам обвинителство да реагира по ДОПРЕН ГЛАС. Американската амбасадорка лесно може да провери дали нашиот премиер воопшто учел средно училиште и дали завршил во Вотервил, САД. После може да проверува и како докторирал ,,КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ,, во Подгорица…

Па ќе се допишуваме и среќаваме со амбасадорката…

п.с. САД имаше амбасадор на почеток на овој век во Македонија, ЛОРЕНС БАТЛЕР. Заради корупција баш од страна на таткото на нашиот актуелен премиер, СЛЛОБОДАН КОВАЧЕВСКИ, тогашен градоначалник на Куманово, БАТЛЕР недостојно беше отпуштен од служба и испратен по казна во поствоен Ирак…”, пишува Божиновски.

Денеска Ковачевски, владата и СДСМ немаат реакција за обвинувањата од Божиновски.

Засега нема реакција ниту од Јавното обвинителство кое може да го третира случајот откако Божиновски објавува порака во која се спомнува Ковачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.