Премиерот Димитар Ковачевски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на уставните измени и изрази уверување дека пред нас е усвојување на амандманите со консензус во Собранието.
Денес стана јасно кој ја блокира земјата, а кој сака Македонија да стане членка на ЕУ. Денес се потврди дека сите партии од проевропскиот фронт се за интеграција на државата во ЕУ исто како што беа за интеграција во НАТО. Граѓаните нема да го заборават ниту да го простат, а ова блокирање нема да се случи. ВМРО-ДПМНЕ немаат никакви аргументи, дека немаа идеја за дискусија и не водеа дебата. Ќе ја блокираат европската иднина на граѓаните за лични цели – истакна Ковачевски на прес-конференција во Владата.
Владата не се откажува од водење дискусија со ВМРО-ДПМНЕ на сите нивоа што не исклучува и нова лидерска средба помеѓу Ковачевски и Христијан Мицкоски, а тоа што ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не се изјасни за или против, освен Гордана Силјановска-Давкова која е независен пратеник, го смета за предност.
Тоа една од основните причини поради која и јас и владата сметаме дека пред нас е усвојување на уставните измени и тоа консензуално со сите пратеници во Собранието – смета премиерот.
Ковачевски додаде дека во владејачката СДСМ има единство иако пратеникот Диме Велковски не беше присутен на седницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.