„Овие избори се избор меѓу надеж и безнадежност, избор меѓу европска интеграција и изолација“, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашната емисија „Дуел за Македонија“, прв телевизиски дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него јасно се гледа кој од претседателските кандидати се застапувал за надеж и европска интеграција,зборувајќи за за Стево Пендаровски, наспроти кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, која според него, граѓаните ја паметат по репликите во однос на потребата како што рече Cеверна Македонија бескрајно да го одложува носењето на потребните одлуки за интеграција на државата во ЕУ.

„Силјановска покажа дека нема лидерски капацитет и никаква одлучност при носењето на важни одлуки за државата. Вие можете да замислите како би изгледала да нe претставува во НАТО или на самитите на ЕУ човек којшто секогаш бил против носење на одлуки за зачленување во НАТО и за продолжување на европскиот пат на државата. Затоа сметам дека победничкиот кандидат кој нуди визија, одлучност и лидерство за Македонија да стане тоа што граѓаните го сакаат, а тоа земја членка на ЕУ, е претседателскиот кандидат Стево Пендаровски“, рече Ковачевски.

Притоа, Ковачевски посочи дека во вториот круг ќе има два кандидати кои ќе се натпреваруваат за гласот на граѓаните, со тоа што потенцијалот на Пендаровски е поголем во однос на сите други кандидати.

„Затоа на 8 мај Пендаровски повторно ќе биде избран за Претседател на државата и на 8 мај заедно со коалицијата за европска иднина ќе формираме Влада којашто ќе ја внесе Cеверна Македонија во ЕУ до 2030 година“, рече Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.