Прeмиерот Димитар Ковачевски во писмо со честитки по повод празникот Велигден, на д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх во Македонија и на сите верници на католичката црква во нашата земја, во негово и во име на Владата им го честита големиот христијански празник – Велигден.
Во продолжение, текстот на честитката:
„Почитуван г. Стојанов,
Во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, дозволете ми на Вас, како и на сите христијани на Католичката црква, да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден.
Со пораката за воскреснувањето – „Христос воскресна! Навистина воскресна!“ – ја славиме и надежта за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда.
Со празникот Велигден, ја славиме и победата над сите човечки ситуации на предизвици и искушенија низ кои поминуваме денес за да излеземе после сите искушенија посилни и подобри.
Нека е за многу години празникот на Воскресението Христово.
Со радоста на овој, и на сите идни Велигден да ја негуваме силата за изградба на едно општество за сите, за мирољубива заедница во која се почитуваат верските слободи на сите нејзини граѓани.
„Христос воскресна! Навистина воскресна!“
Нека е за многу години празникот Велигден за сите верници од Католичката црква!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.