Илија Николовски, инаку претседател на партијата на пензионерите имаше проблеми со притискањето на соодветното дугме, меѓутоа… копчето на системот за гласање, но за да не бара поединечно изјаснување, беше оставено со 70 гласа да биде изгласан дневниот ред. Инаку тој постојано беше со коалицијата – уверува премиерот Димитар Ковачевски откако денеска двајца пратеници од владејачката коалиција не го поддржаа дневниот ред, односно едниот беше отсуден, а другиот воопшто не гласаше.

Николовски македонски генерал-мајор на АРМ, во пензија. Тој е претседател на парламентарната Партија на обединети пензионери и граѓани на РМ која е во коалиција со СДСМ.

Во однос на неприсуството на Диме Векловски, пратеник од СДСМ, кој е единствен надорен избраник од владејачкатапартија, кој не гласеше за заклучоците за „францускиот предлог“, Диме Велковски, ковачевски вели:

-Велковски денеска не беше, беше најавено неговото отсуство и небеше присутен во Собранието, што не значи дека нема да биде присутен на наредните седници.

Дел од македонските портали, повикувајќи се на извори од СДСМ објавија дека утрово премиерот Ковачевски и врвот на СДСМ правеле панични напори да го најдат лично Велковски и да го убедат да се појави на седницата.За да се дојде до Велковски Ковачевски барале негови блиски луѓе од СДСМ да го контактираат и да му пренесат порака да се појави на седницата за партијата да не се соочи со срам пред јавноста. Во пораките до него му се порачува дека ова е седница само за утврдување на потреба од измени а гласање за промена на устав нема да се случи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.