Ковачевски нема мнозинство за уставни измени, се повеќе пратеници му откажуваат лојалност, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Девет пратеници од СДС не поддржуваат уставни измени. Тројца пратеници од 1 и 2 ИЕ не се согласуваат со ваквите уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста сметаат дека гласањето на уставните промени е најлошата работа која може да ја направат СДС.

Ниту пратеници од СДС не му се плашат на Ковачевски, и во СДС има луѓе кои се свесни за штетните анационални политики на ова раководство.

Дека Ковачевски нема поддршка од своите пратеници говори и фактот што не успеале заложбите да се направи документ дека сите пратеници ќе ги гласаат уставни измени како и тие да се формулирани, поради противење на гореспоменатите пратеници.

СДС и ДУИ се движат кон ќор-сокак.

Наместо Ковачевски да ја држи цела Македонија во заложништво, треба да го распушти Собранието и да одиме на предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја преброди кризата, кој се темели на три столба, за кој се потребни првин избори и промена на власта“, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.