Ковачевски наместо да молчи да побара од Петков отворање на македонски клубови во Благоевград и Сандански. Ако и Петков е за добрососедство тогаш ќе отвори македонски културни клубови во Благоевград, Сандански или Софија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски да побара и рамноправност и заштита за Македонците во Бугарија. Наместо да ги минира позициите на Македонија со прифаќање на веќе одбиени предлози или кој знае што уште не прифатил, нека почне да се грижи за македонските интереси и црвени линии исцртани со Декларацијата од Собранието. Дополнително пред да прифати било што и Ковачевски и Османи треба са ги информираат граѓаните, а не обратно, се наведува во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.