Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на отворање на детска градинка кажа дека граѓаните на крајот ќе ценат кој што направил, а не кој што ветува.

Граѓаните ќе ценат кој што направил, а не кој што кажал бидејќи со години се изнаслушаа празни ветувања. Граѓаните на Македонија заслужуваат да живеат добро, и оваа земја има голем потенцијал – рече Ковачевски.

Околу средбата со в.д. лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, кажа дека не се разговарало за делење на ресори и министерства, но дека партијата искажала поддршка за европската иднина на Македонија.

Одговорот кој го даде на ДУИ Али Ахмети, не се разликува од мојот. Со Алијанса, со нејзиниот ВД претседател Таравари јас разговарав за европската иднина на државата. Кажав дека нашата владина коалиција е отворена за сите кои ја делат таа визија, и за сите закони и реформи, за борбата против криминалот и корупцијата, и антикризните мерки во оваа голема криза. Не сме разговарале конкретно за ресори и превзамање на министерства. Доколку се усогласиме комплетно за овие принципи, а во тоа не се сомневам, а во минатото покажа дека ги поддржа сите одлуки за европската иднина на државата, како европскиот предлог така и сите други законски предлози. Ако разговорите продолжат во овој дух, може да се случи проширување на владиното мнозинство – рече Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.