Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин, исто како што молчеше за пцуењето на вработени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие потсетуваат на средбата на Талат Џафери во Собранието со Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин“.

Џафери ја криел оваа средба. Џафери мора да каже, зошто криел за средбата и дали потоа ги известил службите дека има таква средба? Активностите ма Џафери можат да бидат потенцијална опасност и за НАТО. И сето ова Ковачевски го премолчува, само за да не му падне владата. Ковачевски не смее да побара одговорност за Џафери, зошто знае дека така може да падне владата, а со тоа и тој повеќе никогаш нема да биде премиер, затоа што има рејтинг помал од стапката на инфлација. Ковачевски не може вечно да се крие. Иако тој молчи, народот го гледа и се срами од срамот кој ѝ го приредува Џафери на Македонија, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.