Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност и како таков ќе го штитиме и чуваме, порача премиерот Димитар Ковачевски. Во чест на 5 мај, Денот на македонскиот јазик, на својот фејсбук-профил тој сподели дека денеска им оддаваме почит на сите оние кои го создавале писмениот, литературен, стандарден македонски јазик.

Нашиот долг кон идните генерации е да го негуваме и да го шириме, наведува Ковачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.