Докажав дека мојот план за економски напредок на земјата и во услови на криза создава предвидлива бизнис клима и поддршка на компаниите кои работат на раст и развој, и отворат нови работни места, наредната година ќе биде подобра и тоа ќе го докажам, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски во преполаната сала во Велес на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

Ковачевски истакна дека само од неколку нови инвестиции кои се објавени изминативе неколку месеци се отвораат над 1.700 нови работни места.

Во првите десет месеци од годинава во компаниите во технолошко индустриските развојни зони, се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени во нив, за првпат се искачи над 16.000. Само во минатиот месец, во октомври, во ТИР зоните се отворија 500 нови работни места со високи плати во овие зони, порача Ковачевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.