Пред почетокот на вонредниот самит на НАТО, денеска во Брисел, премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека Македонија веќе ја усогласила својата надворешна политика со ЕУ и ги донела сите одлуки усогласени со земјите членки на НАТО и на ЕУ.

Денес сите сојузници на НАТО се обединети и ќе ја понудиме нашата поддршка за народот на Украина. Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со Европската Унија и ги донесовме сите одлуки усогласени со земјите-членки на НАТО и ЕУ со цел да го одвратиме она што Путинова Русија го прави во Украина. Во насока да им помогнеме на Украинците ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да ги прифатиме сите бегалци кои би побарале засолниште во нашата држава – изјави Ковачевски.

Тој истакна дека на самитот меѓу другото ќе се зборува и за зацврстување на источното европско крило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.