Децата мора да имаат образование, работниот процес во училиштата не смее да се прекине, смета премиерот Димитар Ковачевски.

Имаме многу јасен закон во однос на организирање на штрајк во сите делови. Училиштата, МОН, Општините кога се работи за основно образование треба да го организираат работниот процес, бидејќи децата мора да имаат образование, особено што излеговме од период на пандемија скоро по 2 години каде што децата мораа да седат дома, рече тој како одговор на новинарско прашање за најавениот штрајк на вработените во училиштата и градинките.

Ковачевски се надева дека во периодот што следува Владата и СОНК ќе најдат решение и дека децата ќе останат во училиштата.

И со штрајк и без штрајк на крајот мора да има социјален дијалог кој ќе заврши со договор помеѓу синдикатот и во овој случај Владата, рече премиерот Ковачевски.

 
Со почит,


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.