Димитар Ковачевски, премиерот на Македонија и Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Македонија денеска се сретнаа со претставниците на граѓанскиот сектор, експерти во различни области, професори, политички аналитичари и дискутирале за францускиот предлог.

Благодарен сум што секој дава придонес во овие клучни моменти за државата со својата експертиза и богато искуство. Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани на Македонија, објави Ковачевски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.