„Нивото продолжува да ви паѓа“, реагира бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, откако македонскиот претседател, Стево Пендаровски вчера изјави дека со политиката на негирање на македонскиот народ и јазик, Бугарија покажува дека не може да излезе од времето на Тодор Живков.

Браво за Пендаровски! Конечно разбравме што се случи: Христо Татарчев, Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Григор Парличев и сите други преродбеници и револуционери се идентификуваа како Бугари затоа што ги следеа упатствата на Тодор Живков, се вели во реакцијата на Ковачев, пренесе БГНЕС.

Пендаровски во изјавата посочи дека Живков е основоположник на позициите дека не постои македонски народ и македонски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.