Гоце Делечев е роден во град со мнозинство Бугари во Кукуш, мајка му и татко му биле Бугари ја почитувале бугарската црква, учел во бугарско училиште во Кукуш, потоа во бугарското училиште во Солун, бил учител по бугарски јазик во Штип. Нема никаков сомнеж дека Гоце Делчев по етничка определба и сите околу него дека биле Бугари кои се бореле за ослободување на Македонија од Османската империја. Потоа Тодор Александарв, Ванчо Михајлов се бореле за независност на Македонија од српската окупација. Тое е вистина и историски факти и не може да оставиме кој како сака да ја интерпретира историјата. Или ние ќе ја интрпретираме историјата како во времето на Тито и Колишевски, ама вие кажувајте како сакате, не може да живееме во различни светови – истакна пратеникот во  Европарламентот Андреј Ковачев од редовите на Европската народна партија, за телевизија Сител.

Според него Бугарија не сака да и прави пречка на Македонија да биде во европското семејство.

Ние лобиравме кога бевме претседавачи во ЕУ за влез на Македонија. Но, позицијата на Бугарија никогаш не била сменета. Бугарија ја поддржувала и ќе го поддржува најблискиот народ, ако можам така да кажам историски, нашите соседи во Македонија и тоа нема да се смени. Тоа е така од признавањето на независноста на Македонија. Секој кој ги следел бугарските позиции знае дека тоа се фактите, тоа е историската вистина, таа наша позиција не може да изненадува. Мене ме изненадува што некој е изненаден од Меморандумот на официјална Софија. Ние тоа го повторуваме без разлика кој е на власт во Бугарија. Знаете 1999 Љубчо Георгиевски потпиша Декларација со Иван Костов во која беа расчистени многу работи – рече Ковачев.

Европратеникот Ковачев вели „јас како демократ се борам за правото на секој да се самоопределува и да не се манипулира дека Бугарија сакала од Македонците да прави Бугари, тоа е лага“.

Ние зборуваме за нашата општа историја да не се фалсификува од времето на Тито и Колишевски и партизаните, време од кое постои голема омраза кон Бугарите и Бугарија. Не можеме да бидеме заедно во ЕУ без да се надмине комунизмот. Како Франција и Германија го надминаа нацизмот. Македонија е единствена земја која е во НАТО, стреми кон ЕУ и се потпира на комунистичка митологија. Нашиот апел е да се надмине комунизмот и носталгијата од неа и тука со тоа е поврзана антибугарската омраза – посочува Ковачев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.