Европратениот Андреј Ковачев во дебатниот магазин „Клик Плус“ на „ТВ 21“ изјави дека 11. Октомври треба да го одбележуваме на друг ден.

Да се обединиме како најблиски народи. Пред малку ви кажав мојата изјава е за разбирање, добрососедство, дека вие имате право како сакате да се самоидентификувате и право на јазик кој сакате да го зборувате. Со тоа е пружена рака кон вас. Вие сега сакате да дебатираме за 11. октомври. Ве прашувам што се случило на 11 октомври – праша Ковачев.

Вие сакате да кажете дека на 11. октомври почнала борбата со фашизмот со убиството кое се случило во Прилеп. Тоа е големата разлика и интерпретацијата која вие ја правите. Фашизмот е негативен и треба да има јасна антифашистичка борба, антинационал-социјалистичка како и антикомунистичка, тогаш мислам дека ќе е апсолутно јасно – изјави Ковачев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.