Ужасно лого, небаре автомобилска табличка!, напиша професорката Наташа Котлар на социјалните мрежи.

Не може со намерно лажење, мистифицирање да се замени името на државата „Република Македонија“ со „Северна“. Последнава има свој датум – 18.6.2018 г. и толку! 8-ми Септември е датум на македонската независност. Не може само заради една непримерна Спододба, во која стои именување „Втора страна“ да припаднеме, да го загубиме здравиот разум, нашето име и нашата, македонска историја и иднина. Исто така, не може ни Референдумскиот скандал на силување на демократијата („балкански начин“) од 30.9.2018 г., ни сомнителните уставни измени да и’ дадат живототворност на „Северна“ (2019). Духот македонски е посилен, дури од „северниот“! На 8 септември 1991 година во Македонија се одржа референдум за суверена и независна Македонија. На гласањето од вкупниот број на жители со право на глас 95,25 % одговорија позитивно за осамостојување на Македонија. За споредба, во Словенија на референдумот за осамостојување овој процент изнесува 88,5 %. Оттука, датумот 8 септември станува особено значаен во поновата историја на македонскиот народ. Врз основа на резултатите од референдумот, десетина дена подоцна, Собранието на Република Македонија, на својата седница од 17 септември 1991 г., усвои декларација со која Македонија е прогласена за суверена држава, со што се заокружени легалните аспекти на независноста. Во хронолошки ред, на 17 ноември 1991 г., Собранието на Република Македонија го усвои и го изгласа Уставот на Републиката, а еден месец подоцна, на 17 декември 1991 г, Собранието на Република Македонија усвои Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава, барајќи меѓународно признавање.
Македонските чествувања, не се и „северни“!, пишува таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.