Историчарката Наташа Котлар ја смета за неука, суртучка, безобразна денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека „ќе се интервенира во учебниците онаму каде што пишува бугарски фашистички окупатор“.

Учебниците треба (а, така е насекаде), да се пишуваат врз основа на научните сознанија и принципи, а не според желбите на еден премиер, претседател или владетел за „пријателски дух“. Ове е фалсификуваме на некогашната сегашност – минатото, на еден народ. Напротив, во Европа и во светот, фашистичката власт или окупација има и етничка определба. Така, во учебниците стои формулацијата – германски фашистички окупатор (Полска, Словенија и др.), јапонскиот фашистички окупатор (Кина) итн. И во историјата на македонскиот народ е коректно напишано дека во периодот од 1941 г. до крајот на 1944 г., тој се борел против – германскиот, италијанскиот и бугарскиот фашистички окупатор и против албанската колаборациска фашистичка власт. Ова го има во документацијата на антифашистичката борба на македонскиот народ и во документите на АСНОМ. Историјата на македонскиот народ не може да биде желботека на неписмените (ѓоа)политичари и мегдан за фалсификување! Недостоинствено, ненаучно и срамно!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.