Да му одговорам на Бујар Османи, кој денес, бескрупулозно изјави дека: „трите документи кои се основа на државноста, а тоа се Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Законот за јазици, се документи кои се иревирзебилни и кои нема да бидат предмет на никакви промени и измени, ниту еднонасочни, ниту какви било промени“. Ова е мистификација, не е точно!- напиша на својот Фејсбук професорката по национална историја Наташа Котлар.

Понатаму таа пишува:

Ќе одам по ред! Темелите на македонската држава се впишани во решенијата од Првото заседание на АСНОМ. Тие влегуваат во македонската историја како позитивен и препознатлив национален настан, бидејќи искажуваат содржина од суштински карактер. Деведесетте делегати на првото заседание на АСНОМ од 2-ри август 1944 година, избрани од сите краеви на етногеографска Македонија, од сите социјални слоеви, вери и националности, усвоиле 9 историски одлуки, од кои повеќето се со државотворно значење за Македонија (Решението за утврдувањето на АСНОМ како највисок орган на државната власт на Македонија; Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во Македонија; Решението за прогласување на 2 август за државен празник (национален празник) на Македонија и Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на Демократска Македонија). Актуелната (октроирана) власт нелегитимно и нелегално ги потпиша Договорот за (не)добрососедство, Преспанската спогодба и Законот за јазиците заради противправно менување на уставното име на македонската држава. Република Македонија институционално е нападната, на нејзината територија има власт која се представува од името на државата „Република Северна Македонија“. Таа ја погази и граѓанската волја за непромена на ИМЕТО, беа донесени (не)уставни амандмани, доживеавме кршење на човековите права, видовме политичка и лична дрскост.

Затоа, секоја наредна Влада која ќе ги има во предвид македонските интереси, ќе има и правна можност да ги ПОНИШТИ 3-те спомнати договори!- пишува Котлар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.