Историските вистини не се потребни во политичката сфера во договори и спорови, ниту пак се интересни за други политички варијации, истакна професорката Наташа Котлар во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

„Со сите овие постапки што ги прави Владата преку Министерството за надворешни работи, фактични ги руши македонските институции. Една држава се брани ако ги јакнете државните институции. Ако таа Влада имала потреба да консултира од научниот свет, си постојат постапки како тоа се прави и на кој начин“, рече Котлар.

Котлар посочи дека Договорот за добрососедство е изворот на сите последователни проблеми што доаѓаат од месец во месец.

„Ако државата ве изневери, вие исто нема да и бидете лојални. Зошто да бидеме лојални кон нешто што во сѐ не напуштило и дури ни создава состојба дека ние прво не треба да бидеме образовани, ако зборуваме за ситуацијата со несоодветните учебници што ги нуди Министерството за образование. Лошо образовани генерации се загубени генерации“, вели Котлар.
Таа додаде дека 75-80% од луѓето на летните протести бараа соодветни промени и реагираа на политиките на оваа власт.

„Вбројувајќи се како човек во тие 75-80% од луѓето сметам дека ако не се избориме со оваа номенклатура во моментот, тогаш ќе биде многу погубно“, изјави Котлар.

Додаде дека наративот што доаѓа од членовите и преговарачите во Комисијата за историја, е многу манипулативен.

„Тие не се луѓе од Бирото за развој на образованието. Оваа држава во текот на 30-тите изминати години и претходно изградила институции кои треба да се занимаваат со образование и методолошка постапка, дидактичка, педагошка постапка и ветотска постапка, тоа е Бирото за развој на образованието“, децидна е Котлар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.