До Милата на Царовци и сличните на неа!

Се сеќавате на книгата „ФАРЕНХАЈТ 451“, која има и 2 екранизации, едната во 1966 г., а другата во 2018 г. Насловот е алузија на температурата на која хартијата се самозапалува!, напиша Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на Центар од ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил.

Тоа е романот на Реј Бредбери „интиутопија, слика на едно тоталитарно општество во кое луѓето се затворени во своите огноотпорни домови, никогаш не разговараат за она што го мислат и чувствуваат и уживаат само во материјалните работи. Тие се обземени од своите интерактивни телевизори-ѕидови кои… не им оставаат време за размислување. Универзитетите се затворени или се претворени во школи за атомско инженерство. Книгите се прогласени за непотребни, строго се забранети и подлежат на горење. Но, една мала бунтовна група на луѓе, сакаат да ги спасат книгите-духовното богатство на човештвото и секој од нив знае наизуст понекоја книга, за да им ја пренесе на идните поколенија…“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.