Професорката Јасна Котеска со иронично прашање до Петрит Сарачини, дел од пи-ар тимот на Владата кој завчера објави дека Македонија е во војна, а според рецептот од САД во војна не требало да се менува лидерот односно во нашиот случај премиерот Заев.
Котеска изненадена од ставот на Сарачини кој е официјален претставник на Владата
му поставува едноставно прашање:

На што печурки си?

На ова Сарачини кој за себе вели дека е медиумски стручњак одговара дека е задоволен што многу луѓе дознале за неговиот став дека Македонија е во војна, а користи и психолошки алузии за професорката Котеска.

Драго ми е што мојата порака допрела до толку голем број луѓе, а и до влијателни личности за печурките, што је баби мило, то се баби снило и слични изблици на фројдовска проекција, консултирајте се со лекар или фармацевт, јас сум само медиумски стручњак, не се мешам секаде – пишува Сарачини кој е дел од пропагандниот тим на Владата.

Завчера Сарачини објави контраверзна колумна на цивилмедија.мк, во која го брани премиерот Заев и тврди дека Македонија е во војна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.